(Видео) Во Бразил се урна мост долг 533 метри, при што загинаа две лица


Две лица загинаа во Бразил кога се урна мост долг 533 метри што ги поврзува градовите Естреито и Агиарнополис.

Според официјалните податоци, убиени се 25-годишна жена и уште една жена, чиј идентитет се уште не е утврден.

Спасувачките служби соопштија дека маж (36) е извлечен од реката и пренесен во болница.

Мостот е отворен во 1960 година, а структурата на мостот е дел од важен сообраќаен коридор, бидејќи поврзува две земји.

Градскиот советник Елиас Јуниор изјави дека претходно побарал од властите да ги решат проблемите со мостот, за кој рече дека повеќе не може да се справи со тешки камиони што минуваат преку него.
Според последните информации, се сомнева дека под вода се уште пет возила.