(Видео) Турците вака прават ќебапи: Се сервираат на сос од домати и пиперка, а месото никогаш не било посочно


Доколку сакате да направите совршени ќебапи, тогаш задолжително пробајте го овој турски рецепт.

Кебапите се познато јадење направено од мелено месо, обично говедско месо. Ви пренесуваме и турски рецепт за ќебапи, а наместо со кајмак и кромид се сервираат со лут доматен сос. Денес има милион рецепти за ќебапи, а ние ви предлагаме да го пробате овој специјалитет од мелено месо по турски рецепт.

Состојки:

500 гр мелено месо
1/2 лажичка мелена пиперка
4 домати
1 пиперка
лута пиперка (по избор)
свеж магдонос

Подготовка:

Измешајте мелено месо, сол, бибер и мелена пиперка во сад. Добро измешајте и од меленото месо околу раженчињата формирајте поголеми ќебапи. Наредете во тавче, а на друг ражен наредете ги доматите. Се пече во загреана рерна на 230°C околу 15 минути. Готовиот домат излупете го и изгмечете го. Истурете во тавата, а потоа додадете сол и бибер. Потоа додадете сечкана пиперка и лута пиперка (ако сакате) и измешајте. Се динста неколку минути, само да омекне пиперката, па врз сосот ставете ги ќебапите. Украсете со сечкан магдонос и послужете.