(Видео) Тројца загинаа во експлозии во ресторани во Абу Даби и во Дубаи
Тројца загинаа , а неколкумина се повредени во две одвоени експлозии во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби и во туристичкото средиште, Дубаи, наведуват полицијата и локалните медиуми.
Владината канцеларија за односи со медиуми во Абу Даби соопшти дека две лица загинале во експлозијата која се случила во ресторанот Ка-еф-це во улицата „Рашид бин Саед“. Во Дубаи загинало едно лице кога експлодирала плинска боца во ресторанот во понделник рано наутро, објавија локалните медиуми.
Таа улица е позната како главна улица која води до аеродромот во кој подоцна денеска треба да слетаат највисоките соработници на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои доаѓаат во историска посета откако со посредништво на САД склопена е спогодба за нормализација на одностие меѓу ОАЕ и Израел.
Полицијата соопшти дека во експлозијата во Абу Даби неколку лица се здобиле со повреди, а евакуиранис е и станари од зградите во околината.
Експлозијата во Абу Даби била предизвикана од технички проблеми при преточување гас.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи и во локалните медиуми прикажуваат големи оштетувања на ресторанот и бел чад кој се издигнува од приземјето на зградата.
Денешниот прв комерцијален лет од Ираел во Обединетите Арапски Емирати ќе биде голем чекор во нормализацијата на односите измеѓу двете земји по склопување на спогодбата.
ОАЕ се трета земја на Блискиот Исток која го призна Израел од неговото формирање во 1948 година.
ОАЕ во саботата го укина законот од 1972 година со која го блокираше Израел, а на почетокот на овој месец двете земји отворија директна телефонска линија.
https://twitter.com/taestyjmk/status/1300336020836159488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1300336020836159488%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fclanak.aspx%3Fid%3D2208992
Спогодбата за нормализација на односите на која посредуваше САД неочекувано е објавена на 13 август.
Иако поголемиот дел од меѓународната заедница ја поздрави спогодбата, фактот дека ОАЕ го призна Израел без услов за стварање палестинска држава за Палестинците значи предавство на нивните цели.
Во замена за воспоставување дипломатски односи со ОАЕ, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи да ги сопре контроверзните планови за анексија на делови од окупираниот Западен брег, земја која Палестинците ја бараат за идната нивна држава.