(Видео) „Тројанскиот коњ“ во Пионерскиот парк во Белград. Студентите донесоа правилна одлука

Некои луѓе во Белград и Србија не беа среќни што студентите го нагло го завршија протестот на 15 март и ги повикаа луѓето да се засолнат на безбедно, Но видеото од Пионерскиот парк кое се шири на социјалните мрежи потврдува дека тоа била најдобрата одлука, пишува „Нова.рс“
На сите им беше јасно дека во Пионерскиот парк на 15 март имаше повеќе од само „ќациња“ и нивното ѓубре, а сега на интернет се споделува видео од „тројански коњ“ – толпа маскирани насилници само го чекаат својот момент во мрак, додека полицијата заминува во колона, оставајќи ги граѓаните на немилост.
За многумина ова видео објасни зошто студентите предвреме „свиреа крај “ на најголемиот протест во Србија и побараа сите да го напуштат просторот околу српскиот парламент.
„Тоа што студентите прогласија крај на протестот спаси животи на многу луѓе пред парламентот, граѓаните немаат шанса против убијците. Ви благодариме#“, напиша на Икс новинарката Билјана Лукиќ.
Trojanski konj u Pionirskom parku.
Da li sad shvatate kako su ga studenti izjebali? pic.twitter.com/O7SrplLjms— Fortuneteller (@SilverB89630825) March 17, 2025
За многумина, заедно со „звучниот удар“, ова видео е „непобитен доказ дека се подготвувала граѓанска војна и крвопролевање“, а јасно е дека студентите сакале да избегнат насилство – дури и со многу поголем број демонстранти, нема да можат да ги заштитат сите и би настанал хаос што секако би фрлил сенка врз сето она што го направиле досега.
„Ќе имавме шанса, имавме шлемови и бевме подготвени да се бориме, но ќе имаше крв до колена, а не знам до што ќе доведеше тоа. Значи, сета благодарност и љубов кон студентите“; „Ако тие самите го смислија, им симнувам капа и тоа треба да го внесат во сите адекватни учебници кои ја обработуваат темата на протестите. Бев навистина нервозен на враќање од Собранието во Славија и ми стана јасно дури по ова видео“, пишуваат луѓето.
Студентските редари беа подготвени на одговор од насилните власти, за што сведочи и напишаното на нивните раце тој ден, но во меѓувреме низ сите правилни потези покажаа дека се барем „10 чекори пред Вучиќ“.