(Видео) Трамп потпиша извршна наредба: Се враќаме на пластичните сламки
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/2dba0c24-9182-4ab3-9208-2f152c4ccb9f.webp)
Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки.
„Се враќаме на пластичните сламки“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа додека ја потпишуваше наредбата.
Претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден, предложи еколошки мерки за намалување на потрошувачката на пластика за еднократна употреба, поставувајќи цел да се елиминира употребата на пластични прибор, вклучително и сламки, во одделенијата и федералните агенции до 2035 година.
Но, Трамп сега ги забранува хартиените сламки, тврдејќи дека тие „не работат“ и се несигурни и повикува на враќање на пластичните алтернативи.
„Ги користев многу пати и понекогаш се кршат. Дури и експлодираат. Ако нешто е жешко, не траат долго – понекогаш само неколку минути, па дури и секунди. Тоа е смешна ситуација, затоа се враќаме на пластичните сламки“, додаде тој. (Хартините сламки не се познати по тоа што експлодираат, н.оп.)
„Не мислам дека пластиката премногу влијание врз ајкулите“
Трамп ја минимизираше загриженоста за животната средина, велејќи: „Мислам дека пластиката нема премногу да влијае на ајкулите додека тие поминуваат низ океанот џвакајќи сè пред нив“.
Противењето на Трамп за хартиените сламки датира од 2019 година, кога лансираше сопствен бренд на пластични сламки. „Мислам дека имаме поголеми проблеми од пластичните сламки“, рече тогаш Трамп. „Имате мала сламка, но што е со чиниите, обвивките и сè друго, што е многу поголемо и направено од истиот материјал?“
Наредбата ги менува напорите на поранешниот претседател Џо Бајден целосно да ја елиминира пластиката за еднократна употреба, вклучително и пластичните сламки, во федералната администрација до 2035 година. Оваа мерка беше дел од извршната наредба на Бајден за поттикнување на индустријата за чиста енергија и одржливост преку федералните операции.
Според Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP), луѓето произведуваат 430 милиони тони пластика годишно, од кои само 9% успешно се рециклираат. За разлика од хартијата, на пластиката и требаат векови за да се распадне.
„Загадувањето со пластика може да ги промени живеалиштата и природните процеси, намалувајќи ја способноста на екосистемите да се приспособат на климатските промени, директно влијаејќи на човечкото живеење, производството на храна и социјалната благосостојба“, наведува УНЕП на својата веб-страница.
Кристи Левит, директорка на кампањи против пластика во еколошката организација Океана, изјави за US News дека Трамп оди „во погрешна насока кога станува збор за пластика за еднократна употреба“. „Светот се соочува со криза со пластично загадување и повеќе не можеме да игнорираме една од најголемите закани за нашите океани и планетата“, рече таа.