(Видео) Тошковски дава значење на темата насилство – организира тркалезна маса
Тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“ во организација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се одржува денеска.
Тој, пред дискусијата рече дека прва тема којашто ќе ја покрене е како институциите максимално брзо да реагираат за жртвата на насилство да биде тргната на страна, да биде безбедна од насилникот.
„Ова е еден проблем којшто ја тишти Македонија подолго и којшто Македонија како проблем го има долго и за којшто ќе мора да се зборува гласно. Ќе мора да се даде внимание од секој еден македонски граѓанин, особено од инстиците. Со цел да не ни се случува ваков број на вакви настани, денеска ќе разговараме и ќе донесеме заклучоци со кои максимално брзо и максимално брзо ќе се постапи со цел да се заштитат жртвите“, рече Тошковски пред тркалезната маса.
Тој појасни дека во вакви случаи никогаш вината не треба да се бара во жртвата, која ја повлекува пријавата, затоа што речиси редовно, таа е под притисок на насилникот.
Тошковски бара од сите, секој да даде максимум од себеси, да информира соодветни институции кои имаат задача да одговорат, па и превентивно, доколку постои индиции за семејно насилство кое се случува некаде.