(Видео) Тинејџер застрелан во главата додека чекал школски автобус
Ученик на возраст од 16 години во вторникот утрото бил застрелан во главата додека чекал автобус за в училипте, соопшти локалната полиција.
Поручникот Џ.О. Паркер во Џорџија, вели дека полицајците пристигнале во населбата во 6.30 утрото, по дојава за пукање и дете кое лежи на улица.
Паркер појасни дека 17-годишен ученик му пришол на 16-годишен ученик и му пукал во главата. Жртвата е пренесена во болница и е во критична состојба. Полицијата го лоцирала сторителот кој е уапсен и обвинет за напад и поседување пружје.
„Обвинението може да се промени зависно од идната здравствена состојба на жртвата“, рече Паркер.
Полицијата потврди дека осомничениот и жртвата оделе во исти училиште и дека било познато оти и претходно имале недоразбирања.