(Видео) Тешка несреќа на велосипедска трка, меѓу повредените се најдобрите: Роглич, Вингегард…

Некои од нив се хоспитализирани, како што се актуелниот победник на Тур де Франс, Јонас Вингегард, златниот олимпиец Примож Роглич или победникот на Вуелта во 2022 година, Ремко Евенепол


За време на четвртата етапа на велосипедската трка во Баскија (Itzulia Basque Country), или за време на пелотонот, приближно 36 километри пред целта, се случи несреќа која резултираше со повреди на некои од најдобрите велосипедисти во светот.

Како што може да се види на видеото, еден од велосипедистите изгубил контрола на влезот при благ свиок, а откако паднал другите продолжиле да паѓаат по него.

Велосипедистите паѓале еден врз друг, а на крајот десетина од нив останале да лежат на патеката. Некои од нив се хоспитализирани, како што се актуелниот победник на Тур де Франс, Јонас Вингегард, златниот олимпиец Примож Роглич или победникот на Вуелта во 2022 година, Ремко Евенепол.

Во моментов не се знае за какви се нивните повреди, но велосипедската заедница е загрижена за нивната состојба, но и како се ќе се одрази на продолжението на сезоната.

Роглич беше однесен на совозачкото место со автомобил, но на новинарите им откри дека оваа трка за него најверојатно е завршена, додека Вингегард е имобилизиран и однесен на носилки и веројатно чека подетални тестови.

Подоцна, тимот на Вингегард објави на социјалните мрежи дека двократниот победник на Тур де Франс, скршил неколку ребра и клучната коска.

„Тоа беше страшен пад, но за среќа Јонас Вингегард е свесен и е во стабилна состојба“, објави Visma-Lease a Bike.

„Прегледите во болницата открија скршена клучна коска и неколку ребра. Тој ќе остане во болница како мерка на претпазливост“, додаде тимот.

Засега не е јасно колку време Вингегард ќе треба да закрепнува. Трката околу Франција, која е негова главна цел во сезоната, започнува за 86 дена.

Visma-Lease a Bike во моментов се справува со голем број проблеми, бидејќи е повредена и другата голема ѕвезда на тимот, Белгиецот Воут Ван Арт, кој скрши неколку ребра и клучна коска на еднодневната трка низ Фландрија пред осум дена и под знак прашалник е за трката во Италија која стартува за точно еден месец.