(Видео) Стотици луѓе излегоа на улица: Судири со полицијата, оклопни возила, солзавец


Стотици луѓе излегоа на улиците на германскиот град Лајпциг за да протестираат поради владините мерки против Ковид-19.

Тие се соочија со контрамитинг и полицијата, со која во еден момент и се судрија.

Полицајци во голем број беа распоредени по улиците во Лајпциг,каде беа пријавени 12 протиести, а на улиците се идени и клопни возила.

Повеќе од илјада луѓе се собраа во центарот на градот, барајќи укинување на корона мерките.

Судирите со полицијата избија кога учесниците на протестите, кои имаа намера да одржат марш околу обиколницата на градот и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Во тој момент полицијата употрби бибер спреј.

Пред тоа, полицијата уапси 24 лица кои ги означи како припадници на различни политички десничарски движења.

„Тие се приведени поради своето однесување и предмети кои ги имаа кај себе“, наведе полицијата на Твитер.