(Видео) Со нож избоде десетмина во воз во Токио, па предизвика пожар


Маж вооружен со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори.

Јавната телевизија Ен-ха-ка објави дека тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко.

Мажот, за кој полицијата вели дека има околу 20 години, уапсен е на местото на ицидентот.

Мотивот уште не е познат.

Снимки на кои се прикажуваат пожарникари, полиција и итна помош ги преплавија созијалните мрежи, а сите се обидуваат да им помогнат на повредените патници, додека многумина бегаа скокајќи од прозорците од возот.

Ова е втор напад во воз за само неколку месеци во Токио.

Во август, на последниот ден од церемонијата за затворање на олимписките игри, 36-годишен маж избоде 10 патници во воз. Подоцна полицијата соопшти дека сакал да нападне жени кои изгледале среќно, наведува АП.