(ВИДЕО) Силно невреме со дожд и град го зафати Велес


Поројниот дожд со грмотевици, проследен со град, кој попладнево го зафати Велес, предизвика поплавување на главните сообраќајници и улиците низ населбите во градот, како последица на нерешената атмосферска канализација.

Како што информираат од Регионалниот центар за справување со кризи, и покрај големиот број громови низ градот, се уште немаат пријави за прекини на електричната струја во градот и околните населени места, но тие очекуваат тоа да се случи по завршувањето на невремето.

Инаку, секогаш при вакво невреме што предизвикува зголемување на нивото на Вардар, а кој носи и стебла и гранки, има опасност по слабата мостовска конструкција на столбовите на мостот кај Башино Село на влезот во Велес.