(Видео) Шокантно видео за изборите за европскиот парламент


Видео-спот со кој се повикуваат граѓаните да гласаат за изборите за Европскиот парламент за само две недели на социјалните мрежи прегледан е околу 120 милиони луѓе.
Причината лежи во тоа што содржината на видеото во најмала рака е чудна, затоа што сепак се работи за избори за најбројното и најважното тело во ЕУ. Прашање е дали авторите со тоа сакале да ги мотивираат традиционално незаинтересираните бирачи со тоа што ќе ги шокираат.
Видеото има класичен наслов „Избери иднина“, но содржината е она што привлече големо внимание – дури 40 милиони прегледи на Јутуб и речиси 80 милиони на Фејсбук.
Првиот дел прикажува 15-тина жени кои раѓаат мали Европејци во повеќе земји, со помалку сурова слика од болка и емотивни моменти по раѓањето. Во другиот дел глас на дете сублимира политичка порака, вели дека заедно Европејците може да градат мир и еднаквост, и да ги заштитат човековите  права и демократијата.
„Поради тоа гласаме. Денес сум роден. Избери Европа во која ќе пораснам“, е пораката која ја пренесува детето од спотот.