(ВИДЕО) СДСМ: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл
Костадин Костадинов од СДСМ оцени денес дека протестот на ВМРО-ДПМНЕ вчера доживеал дебакл и дека се потврдило дека граѓаните не сакаат блокади.
-Вчерашните протести на Мицкоски беа со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли, немаше никој друг. Граѓаните покажаа дека не се за блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите од белиот дворец.
Фактот што овие издишани протести се случуваат во период кога во тек е дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес покажува дека очигледно Мицкоски чувствува страв од тоа дека државата може да направи исчекор кон ЕУ.
Мицкоски се плаши од можен успех на државата, од реализација на стратешките интереси.Затоа шири лажни вести, измислува непостоечки сценарија, затоа блокира важни процеси во Собранието, затоа организира протести на кои неговите соработници треба да му го чуваат стравот, порача Костадинов.
„Независен“ помина низ улиците каде што се случуваа протестите и направи фотографии и видео од состојбата за време на протестот и потоа.
Стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ стоеја на раскрсниците а наоколу зјаеја празни улици, додека граѓаните мораа масовно да пешачат за дома.
Веднаш по протестот, се направи хаос од многуте блокирани автобуси и автомобили при што една од колоните почнуваше кај „Веро“ центарот а завршуваше до „Скопјанка“ во Аеродром (снимка на видеото).