(Видео) Саудиска Арабија гради град за 9 милиони луѓе, потполно самоодржлив


 

Импресивни снимки од дрон покажуваат дека на северозападот на Саудиска Арабија почна изградбата на најавениот „град на иднината“, а се предвидува дека ќе чини милијарда долари.

Видеото го снимила саудиската компанија „Ot Sky“, а на него се гледа почетокот на изградбата на мегаградот наречен „The Line”.

“The Line” се гради во склоп на развојниот проект Неом, а се очекува да биде долг неверојатни 170 километри. Покрај градот, ќе се градат и многу други проекти како скијалиште и сместување за саудиската влада.

На снимката се гледаат багери како копаат широк линеарен ров во пустината, а градителите се на терен и го следат напредокот.

Има снимки и од џиновска дупка која може да значи почеток на изградба на транспортниот систем кој ќе се гради под самиот град.

Овој нов транспортен систем е осмислен така да се намали нарушувањето на природата и на граѓаните, а се надеваат дека со користењето на брзите возови жителиште од еден крај на градот до друг, ќе стигнуваат за 20 минути.

“The Line” официјално беше претставен порано годинава и дизајниран е да се сместат девет милиони луѓе. Ќе биде висок 500 метри и ќе има „огледална фасада“, а се очекува да биде приближно голем колку сојузната држава Масачусетс.

Исто така, ќе биде јаглерод неутрален, а во потполност ќе го придвижуваат обновливи извори на енергија.

Плановите за изградба на мегаградот ги најави престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд, но, многумина се сомневаа дека ќе биде изграден поради амбициозната природа.

Во документот, принцот тврди дека ќе биде завршен до 2030 година, но инженерите предупредија дека може да потрае и до 50 години изградбата потполно да заврши.