(ВИДЕО) Русите како Талибанците, досега уништиле 500 цркви во Украина


Од почетокот на оваа војна, руските сили уништиле повеќе од 500 цркви, молитвени куќи и други верски објекти во Украина.

„Сите верници во Украина настрадаа од инвазијата на руското зло. Ние длабоко го цениме секој чин на поддршка за нашата држава и народ во оваа борба за нашиот живот – животот што Русија се обидува целосно да го уништи.Секој што гаѓа цркви со проектили и бомби не заслужува ништо друго освен осуда од целиот свет. И токму овој став треба да го добие руската држава – најголемиот терорист во светот денес, напиша денес украинскиот претседател Володомир Зеленски во пресрет на националниот ден на Украина.