(Видео) Ролат од компир со мелено: Јадење за сите прилики што освојува на првиот залак


Ролатите ќе ја разубават секоја трпеза, а наместо предјадење, можете да ги послужите како главно јадење.

Ролатите порано се служеа само на прослави, но се одлична замена и за ручек или вечера. Тие се исто така одлична идеја доколку имате гости и сакате да им послужите различно јадење. Од многу намирници можете да направите ролати, а ви предлагаме да го пробате овој направен од компири. Компир ролат полн со мелено месо и пиперка, со кашкавал на страна, е јадење кое ќе ви се допадне уште од првиот залак.

Состојки:

450 гр мелено месо
1 кромид
250 гр кашкавал
3-4 големи компири
1 пиперка
1 лажица доматно пире

Подготовка:

Ставете хартија за печење на плехот и посипете рендано кашлавач по целиот лист. Компирите кои сте ги исечкале наредете ги на тенки прстени, за малку да се преклопат. Покријте со маслиново масло и печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути. Пропржете го месото, зачинете по желба и додадете доматно пире и ситно сечкана пиперка. Промешајте и динстајте додека не завршите, уште околу 15 минути. Извадете ги компирите од рерна и повторно посипете со рендан кашкавал, а одозгора намачкајте ја смесата од месото. Повторно посипете со рендан кашкавал и завиткајте. Врвот на ролатот посипете го со рендано кашкавал и вратете го во рерна уште 10 минути.