(Видео) Пожар во хотел во Лондон познат по престојот на Мадона, Кајли Миног и Том Круз…


Околу 100 луѓе се евакуирани од хотел во Лондон откако избувна пожар во приземјето на зградата.

Пожарот избувнал во хотелот и ресторанот „Chiltern Firehouse“, познат по тоа што го посетуваат познати личности како Мадона, Кајли Миног и Том Круз.

На местото на пожарот се испратени повеќе од 100 пожарникари и 20 противпожарни возила.