(Видео) Повеќе ТВ станици ја прекинаа програмата на 8.47 минути


Американската детска телевизиска станица „Никелодион“ синоќа запре да емитува програма во период од осум минути и 47 секунди. Толку долго Афроамериканецот Џорџ Флојд молеше за својот живот додека полицаец го притискаше со колено по вратот.

На телевизијата во траење од осум минути и 47 секунди можеше да само да се слушне дишење, а натписот „Не можам да дишам“ беше испишан на целиот екран.

Неколку ТВ мрежи, вклучувајќи ги MTV и VH1, ги поддржаa протестите за смртта на Флојд, кои емитуваа речиси девет минути звуци на дишење, додека последните зборови на Флојд „Не можам да дишам“ се прикажани на цел екран.

https://youtu.be/wMtoZgY2BQM