(Видео) Поставија камера за да снимаат сообраќај, сега гулаби им позираат


 

Официјалниот Твитер профил „Transport for London”, кој објавува снимки од камерите за надзор на лондонските сообраќајници и не е некое место за забава, но тоа беше така се додека два гулаби не решија дека местото пред камерата е одлично за одмор.

Двете птици станаа вирален хит откако почнаа често да слетуваат пред камерата која го надгледува сообраќајот на „Brunswick Road” во Лондон.

Погледот на гулабите толку им се допадна на луѓето па побараа од „Transport for London“ да објавата повеќе снимки од нив.

Објавата е прегледана повеќе од 700.000 пати и повеќе од 22.000 пати е лајкувана. TfL ги нарече гулабите Греам и Стив.

Тие прв пат се појавија во понеделникот, и од тогаш редовно слетуваат пред камерата, пишува Дејли мејл.

https://twitter.com/TfLTrafficNews/status/1123199620409167872