(Видео) Падна кабина од жичарница во Чешка, загина едно лице


Едно лице загина откако на планината Јештед на северот на Чешка, падна кабина од жичарница, која се одвоила од кабелот.

Во кабината во моментот имало само едно лице.

„Една кабина падна додека се спушташе. Внатре имаше едно лице, кое за жал им подлегна на повредите“, рече портпаролот на спасувачката служба, Михаел Георгиев.

Друга кабина, во која во моментот се наоѓале 15 лица, останала да виси. Патниците од неа биле евакуирани, а никој од нив не е повреден.