(Видео) Нови детали за нападот во училиштето во САД, објавена снимка од напаѓачката


Вчера, три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хол, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години.

Џон Дрејк, началникот на полицијата во Нешвил, се обратил на напаѓачот со женска заменка, но на прашањето на новинарите, тој прецизирал дека Одри Елизабет Хол се изјаснила дека е трансродова личност. Сè уште не е јасно дали напаѓачот е официјално идентификуван како жена или маж.

Застрелан на вратата
Полицијата во Нешвил објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето. На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.

Напаѓачот носел црвена капа, маскирни панталони и нешто што личело на заштитен елек. Хејл носеше автоматска пушка во едната рака, додека второ слично оружје висеше од нејзиниот лев колк. Откако влегла во училиштето, на видеото се гледа како таа талка по напуштените ходници на училиштето, во еден момент поминува покрај просторија со натпис „Министри“.

Полицајците го открија манифестот и мапите на зградата што го содржи планот за напад. Тие известија и дека напаѓачот влегол преку споредна врата и отворил оган на вториот кат до 10:27 часот кога била убиена.

Пукано во полицијата
Полицијата претходно сподели слики од местото на злосторството на кои се гледа дека Одри Хејл се подготвува да пука кога пристигнала полицијата. Според полицијата, таа пукала во нивните возила додека се приближувале, a едното го погодила во шофершајбната.

На првите снимки и фотографии се гледа и оружјето употребено во нападот и автомобилот „хонда фит“ на убиецот паркиран во близина. Пукањето престанало околу 14 минути откако почнало, кога полицијата упаднала во зградата и го застрелала осомничениот.

Која е Одри Хејл
Полицијата објави дека Одри Хејл одела во училиштето каде го извршила масакрот. Веб-страницата, која се чини дека е поврзана со Хејл, покажува дека таа била графичка дизајнерка и илустраторка од Нешвил која создала логоа кои, како што се вели во нејзиниот сајт, „ќе помогнат да се раскаже приказната на компанијата“ и „да се пренесат чудно и опуштено чувство“.

Портпаролот на полицијата изјави за ABC News дека Хејл е родена како жена, но истакна дека нејзиниот профил на социјалните мрежи вели дека ја користела заменката „тој“. Во краткото телефонско интервју за ABC News, мајката на Хејл, Норма, рече: „Многу, многу е тешко во моментов“, пред да побара приватност. „Мислам дека денес ја изгубив ќерка ми“, рече таа.

Еден сосед на семејството изјави за ABC News дека Одри Хејл живеела во семејната куќа со нејзините родители, кои ги опишал како „многу убави“ и „многу религиозни“. Хејл дипломирала на Носи колеџот за уметност и дизајн во Нешвил во 2022 година, потврди претседателот и извршен директор на училиштето Сајрус Ватандост за ABC News.

„Додека беше во нашето училиште, таа беше талентиран уметник и добар ученик“, рече Ватандост за Хејл. „Нашите мисли и молитви се до нејзиното семејство, жртвите и нивните семејства и нашиот град. Објавата на Фејсбук страницата на училиштето, која во меѓувреме е отстранета, покажа дека Хејл заработила најмалку една награда за добри академски перформанси.

„Покрај уметноста, уживам во играње игри, гледање филмови и спортување“, напиша Хејл на својата лична веб-страница. „Има еден детски дел од мене кој сака да трча низ игралиштето. Животните се мојата друга страст, па уживам да го поминувам времето со моите две мачки“.

129-ти вооружен напад оваа година
Пратениците од државата Тенеси веднаш се огласија на социјалните мрежи за да ја изразат својата вознемиреност. „Длабоко сум тажен од трагичната вест од училиштето Ковенант“, напиша на Твитер републиканскиот сенатор Бил Хагерти.

САД, каде што има околу 400 милиони оружја во оптек, често се служуваат масовни престрелки, вклучително и во училиштата. Вооружениот напад што се случи во училиштето Ковенант е 129-ти во САД оваа година.