(ВИДЕО) Мета уапсен како да е терорист
По апсењето на поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, остро, со обвинувања, реагираа од неговата партија која смета дека станува збор за „ киднапирање а не за апсење“, а според лидерот на Демократската партија Сали Бериша, станува збор за „политички прогон“.
-Тоа не е апсење, тоа е земање заложник, киднапирање, среде бел ден. Немаме информации каде е господинот Мета сега, кусо изјавил генералниот секретар на партијата Теди Блуши.
Во острата реакција лидерот на Демократската партија и поранешен премиер и шеф на албанската држава, Сали Бериша, обвини дека станува збор за „политички прогон“ и оти „Еди Рама се обидел и физички да го елиминира“.
-Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги спроведоа наредбите на Еди Рама, кој со сите средства се обиде да го елиминира Илир Мета политички, а можеби и физички. Ве известив дека Думани спие на досие во кое се расправа за елиминација на политичар близок на Еди Рама. Дали разбирате дека државните банди би се дрзнале да елиминираат политичар близок до Еди Рама, без наредба на Еди Рама? Значи, Еди Рама е едно со криминалот, обвини Бериша.
По апсењето на Мета, Специјалниот суд изрече мерката и за неговата сопруга, со која се во процес на развод, Моника Круемади, која се однесува на обврска за редовно јавување и забрана за излез од државата. Круемади(50) е пратеничка во албанскиот парламент и за неа деновиве се очекува да се побара одземање на пратеничкиот имунитет.
🇦🇱 Albania’s former president and prime minister, Ilir Meta, was arrested today.
Meta is the leader of the Freedom Party, the third-largest in Albania.
With Meta’s arrest, all major opposition leaders, including the Democratic Party’s Sali Berisha, have now been arrested. pic.twitter.com/yKDYZS7vHY
— kos_data (@kos_data) October 21, 2024
Мета е уапсен по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција. Според албанските медиуми Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК.
Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА. Станува збор за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша, а ја приватизира албанската Електродистрибуција, договор кој потоа беше раскинат. Во 2022 година, Мета беше пријавен во СПАК од страна на поранешниот пратеник Халит Валтери.
Мета и неговата сопруга Моника Круемади, исто така се под финансиска истрага, како и во врска со прашањето за лобирање во САД.
Мета (55) беше шеф на албанската држава во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година.