(Видео) Меркел се тресеше покрај Зеленски, се раширија гласини дека е болна
Германската канцеларка Ангела Меркел, изгледаше многу лошо и нестабилно, додека во Берлин го дочекуваше новиот украински претседател Володимир Зеленски.
Сепак, таа вели дека се чувствува многу подобро откако испила вода.
На Меркел, очигледно не ѝ беше добро додека со Зеленски го слушаше интонирањето на химната на силното сонце. На снимката се гледа како се тресе, особено нејзината рака и ногата, а тешко одржуваеше и рамнотежа.
По химната, таа делуваше подобро, а потоа брзо помина по црвениот тепих со Зеленски и влезе во зградата каде се наоѓа нејзината канцеларија.
На конференцијата за новинари таа рече дека ѝ е подобро, дека испила три чаши вода.
„Испив барем три чаши вода, кои очигледно ми биле потребни и сега ми е многу добро“, рече Меркел.
Германската канцеларка која има 64 години според агенцијата ДП, неколкупати имала слични симптоми. Еднаш оправданието било дека тоa ѝ се случува поради жешкото сонце.
Сепак, оваа снимка ги разгоре гласините дека германската канцеларка е болна, но нема официјална потврда дека Меркел има здравствени проблеми, наведува Раша тудеј.