(ВИДЕО) Масовно насукување на китови, најмалку 90 починаа!

Крај брегот на австралискиот остров Тасманија се насукаа 270 китови, од кои најмалку третина починаа.

Насукувањето  на китовите е откриено во понеделникот.

Спасувачите стравуваат дека има повеќе мртви китови.

Морските биолози се обидуваат да ги спасат преостанатите китови во деликатна операција што веројатно ќе трае со денови.

Не е познато зошто китовите се насукале на брегот.

Последното масовно насукување на китови во Тасманија се случи во 2009 година.