(Видео) Мајката реагирала паметно: мечката го прекинала семејното патување и јадела храна од масата


Необична и малку бизарна ситуација се случила во парк во Мексико, а само со чиста среќа е избегнат трагичен исход.

Имено, во видео кое кружи на социјалните мрежи, снимено е семејство како ужива на пикник.

Меѓутоа, набрзо им се придружила црна мечка која ја помирисала храната и решила да се придружи на ручекот.

За среќа, немаше напади, најмногу поради паметната одлука на мајката да не се движи и да не прави врева. Таа само со рака се обидела да го заштити својот син.

Мечката земала храна, ги помирисала луѓето и потоа го напуштила местото каде што биле.

Видеото досега собра повеќе од 15 милиони прегледи на социјалните мрежи.