(ВИДЕО) Кој ќе ги згрижи кучињата на Елизабета што се прославија во филмот со Џејмс Бонд?


Нашироко е познато дека кралицата Елизабета ги обожаваше своите четири кучиња, особено од расата Корги. Во текот на годините, таа поседуваше повеќе од 30 корги. Сега кога умре имаше  две Корги, Муик и Сенди, едно Дорги по име Кенди и еден кокер шпаниел Луси.

Како што пишуваат некои медиуми, кралските кучиња на британскиот монарх со најдолг стаж ќе бидат преместени по смртта. Иако на јавноста не и е целосно познато каде ќе бидат сместени кучињата, кралската дописничка Викторија Арбитер изјави за весникот „Индипендент“ дека  кралицата не оставила ниту една непознаница зад себе  и дека без сомнеж има план за нивните животи по смртта на нејзиното височество. „Можеме само да шпекулираме за плановите за коргите – ништо не е оставено на случајноставсо кралското семејство“, рече таа.

„Кралското семејство е семејство на љубители на кучиња, иако никој не е особено љубител на корги. Кралицата дефинитивно беше господ и господар за нив и се однесуваше прекрасно со нив. Тие беа познати по тоа што ги гризаа глуждовите на членовите на кралското семејство“. Според неа, кучињата најверојатно ќе одат кај член на семејството.

„Сите деца на кралицата би ги пречекале со раширени раце“, рече таа. „Ако не е член на семејството, рече Арбитер, веројатно ќе биде доверлив член на персоналот.„Таа беше опкружена со љубители на кучиња“, додаде Арбитер.

Афинитетот на Елизабета кон кучињата може да се следи од нејзиниот 18-ти роденден, кога првпат и дадоа корги по име Сузан, од која потекнуваат сите корги што ги одгледува кралицата.
Во текот на децениите, кучешките придружници на кралицата честопати биле видени во нејзина близина каде и да одеше.  Заедно со неа тие се прославија и на филм, како актери во скечот за Џејмс Бонд што таа го сними за церемонијата на отворање на Олимписките игри во Лондон во 2012 година со спектакуларната сцена кога таа наводно се фрла од хеликоптер на стадионот.  

Во 2015 година, Елизабет одлучи дека ќе престане да чува нови кучиња од страв да не остави некое кученце зад себе. Но, по смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип во 2021 година, Елизабета се премисли.

„Принцот Ендрју има кокер спаниели и може да го земе назад оној што и го подарил. Вилијам и Кејт исто така сакаат кучиња и ќе сакаат  да ги имаат“, изјави за „Њујорк пост“ Клаудија Џозеф, новинарка од Лондон. Други веруваат дека миленичињата можеби се под грижа на доверливиот персонал на Елизабет. Вчера беше објавена фотографија на која се гледа како со авион тие беа префрлени во Лондон.

Пени Џунор, која нашироко пишуваше за коргите на кралицата, истакна дека и шивачката на Елизабета, Анџела Кели, и работникот во кралското семејство, Пол Хаубрју, имаат искуство во грижата за кучињата на кралицата. По нејзиното умирање, Ени Лејбовиц која ја фотографираше кралицата со своите миленици во 2016 година, напиша на Твитер: „Кралицата излегуваше на прошетка со своите кучиња секој ден… Таа растеше со корги, бестрашни мали кучиња одгледани за сточарство. Татко и  донел корги дома кога таа имала седум години и таа ги обожаваше со со децении потоа“.

Џо Литл, кралски биограф и уредник на магазинот Majesty, изјави за CNN дека верува дека кучињата ќе бидат згрижени од кралскиот персонал пред да бидат посвоени од принцезата Ана и принцот Ендру.

„Принцезата Ана имала свои корги во минатото“, објасни тој. „Двете најнови кучиња дојдоа од војводата од Јорк и неговите ќерки, па можеби би можеле да одат кај него. Малку е веројатно дека ќе се разделат“.Според Reader’s Digest, кралицата имала наклонетост кон коргите поради нивната „енергија и нескротлив дух“.