(Видео) Кличко: Над Киев соборени повеќе руски ракети


Градоначлникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека системите за противвоздушна одбрана над главниот град собориле повеќе проектили.

„Неколку ракети кои летаа кон Киев беа соборени од силите за противвоздушна одбрана во регионот. Им благодариме на бранителите! Противвоздушната тревога продолжува. Останете во засолништата, внимавајте на вашата безбедност. Штедете електрична енергија и сфатете го ограничувањето на нејзиното снабдување. Да останеме заедно!“, напиша Кличко на Телеграм.

Во Лиман пронајдена масовна гробница

Едновремено, украинското Министерство за одбрана објави дека во лиман е откриена масовна горбница, во која се најдени останките на 111 цивили и 35 војници.

Ширум Украина се слушаат експлозии

Откако низ Украина се слушаат сирени за воздушна тревога, експлозии се слушнале во многу региони. Ова го објавија високи воени функционери, пренесе Украинска правда. Погодени се региони во Ривно, Кев, Одеса, Ченихив и Кировоград.

Олеси Кулеба, шефот на управата на Киевската обласр, рече дека противвоздушната одбрана функционира и ги повика жителите да останат во засолништата.

пријавени се проблеми со снабдувањето со струја и со вода.