(Видео) Како правилно се перат фармерките? Стилистка изненадува со нејзиниот одговор


Стилистка Ранија изненадила со одговор, таа никогаш не ги става во вода!

Стилистката на ТикТок со видео во кое објаснува дека фармерките никогаш не треба да се перат во вода. Повеќето од нас ги перат фармерките во машина, на постудена програма бидејќи знаеме дека топла вода може да ги уништи влакната и да им го скрати рокот на траење, но никогаш не сме слушнале дека водата не смее да ги „допре“! Ако навистина имате омилен пар, можеби ќе ги исперете на раце, но стилистката Ранија Батал вели дека и вие не треба да го правите тоа. 

“Не ги ставајте во вода! Тоа влијае на обликот, начинот на кој тие изгледаат, бојата побрзо исчезнува и никогаш нема да ви одговара како пред перење”, предупреди таа во видеото кое има повеќе од 800.000 прегледи. Ставете ги фармерките во пластична кеса што добро се затвора, а потоа ставете ги во замрзнувач!”Оставете ги во замрзнувач два дена, ќе бидат како нови. Знам дека ова звучи гадно, но навистина функционира”, вели Ранија. Под видеото се водеше вистинска дискусија, некои се ужаснуваат од фактот дека ниту едно средство за чистење нема да ја отстрани нечистотијата од ткаенината, други велат дека овој трик функционира – што мислите, кажете ни во коментарите! 

Слична изјава неодамна дал и  директорот на модна компанија која е позната по фармерки, велејќи дека неговите фармерки „никогаш не ја виделе внатрешноста на машината за перење“!