(Видео) Како да направите бујурди: Познатиот грчки намаз со фета сирење – најдобро оди со топла пита леб


Бујурди е јадење кое потекнува од Солун, а овој сос најчесто се служи како предјадење, најчесто со пита леб. Бујурди е комбинација од фета сирење и кашкавал, како и печени пиперки и домати. Лутата пиперка му дава лут вкус. Овој сос со фета сирење Грците најчесто го нарачуваат во кафана, а подготовката воопшто не е комплицирана. А вкусот ќе биде уште подобар ако имате земјено тавче.

Состојки:
450 гр фета сирење
230 гр кашкавал (тип гауда)
1-2 домати
2 печени пиперки
2 лути пиперки (по избор)
прстофат мелена пиперка
1/4 чаша маслиново масло
1-2 лажички суво оригано

Подготовка:

Тавата премачкајте ја со маслиново масло, па наредете ги доматите исечени на тенки прстени или кришки. Посипете со распарчена фета и посипете со една лажичка оригано. Одозгора наредете ситно исечкани коцки кашкавал (половина од количината), па додадете ги исечканите печени пиперки (предходно исчистете ги од семките). Повторно наредете го преостанатото сирење. На крајот наредете ја лутата пиперка исечкана на прстени, посипете со преостанатото оригано и мелен пипер. Покријте со фолија и печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 5 минути.