(Видео) Јапонија ја погоди земјотрес од 7,1 степени, издадено предупредување за цунами


Во период од 15 минути Јапонија ја потресоа три силни земјотреси во првиот ден од новата година.

По силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што ја потресе Јапонија во понеделник наутро, властите издадоа предупредување за цунами.

Жителите се предупредуваат да ги следат најавите на националните власти, да се држат настрана од брегот и да одат на повисоките места.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 62 километри од градот Нанао.