(ВИДЕО) Импровизирани легла за кога ќе ги фати дремка – вака „работеле“ отпуштените работници од Министерството за односи со заедниците
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во објава на Фејсбук сподели видео на кое се гледа како изгледаат канцделариите на седуммина избркани Албанци од работа во тоа министерство.
Објавата следуваше откако ДУИ обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“.
Од снимката се забележуваат празни шишиња од сокови, весници по масите, тостер во едниот агол… нечисто и расфрлано, како тинејџери на камп!
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која ‘работеа’ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“, стои во натписот на објавата на Стоилковиќ.