(Видео) Груевски одби унгарски новинар: Денеска нема да дадам изјава!


Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски денеска повторно беше пречекан од унгарски новинари во Будимпешта, но тој одби да даде изјава.

Новинарите сакаа да добијат изјава од Груевски, но поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ упорно одбиваше да каже нешто.

„Се извинувам, денеска нема да дадам изјава. Во некоја друга прилика ќе ти дадам изјава“, му вели Груевски на унгарскиот новинар.

Како што јави сајтот, Груевски се појавил пред зградата 444 на Булевар Магрит и влегол во еден од становите.