(Видео) Двајца суспендирани поради непотребна бруталност на полицијата во Њујорк


(Си-Ен-Ен) Педесет и седум полицајци во Бафало, Њујорк, поднесоа оставки од тимот за брзи интервенции по суспензијата на двајца полицајци кои турнаа 75-годишен демонстрант на земја.

Во тек е истрага за овој  инцидент, кој гувернерот Ендрју Куомо го нарече „целосно неоправдан и крајно безобразен“. Мажот е сериозно повреден.

Видеото од демонстрациите во четвртокот покажува дека полицајците одат  кон човекот и двајца го туркаат. Неговата глава крвари на тротоарот додека полицајците си поминуваат покрај него, а некои не го ни гледаат.

Демонстрантите на плоштадот Нијагара,  како и другите низ целата земја, повикуваа на расна правда по убиството на Џорџ Флојд од полицијата во Минеаполис.

Овие 57 офицери поднесоа оставки од единицата за брзи интервенции, но не и од силите. Кабинетот на градоначалникот на Бафало изјави за Си-Ен-Ен дека 57-те члена што си дадоа оставка од единицата го сочинуваат целиот активен тим за одговор при итни случаи.