(Видео) Dogen City – концепт за живот во град на вода


Бидејќи постојано се покачува нивото на морињата и океаните, иднината на урбаниот живот веројатно ќе значи живот на море во даден момент во наредните 30 години. Јапонскиот стартап N-ARK можеби го има концептот кој ќе го претвори тоа во реалност.

Станува збор за концептот Dogen City, кој претставува град кој плови среде океан, а нуди уникатно решение за предизвиците со кои се соочуваат пренаселените градови и климатските промени. Градот е дизајниран да фунцкионира како паметен здраствен пловечки град во мирновремени услови, како и самостоен град во услови на природна катастрофа.

Има пречник од 1,58 км и должина од 4 км. Значи станува збор за мал град, но неговата модуларна природа значи дека може прилично брзо да се прошири. Од N-ARK тврдат дека во мирновремени услови ќе се фоксуираат на здравството, затоа што градот е дизајниран да прими околу 10.000 жители, но неговата дневна популација би можела да се зголеми на 30.000. Жителите секојдневно би можеле да користат телемедицина за управување и анализа на податоци. Со помош на комбинација од медицински и геномски податоци може попрецизно да се процени здравствениот статус и да се прими врвна медицинска нега како откривање лекови и операции со роботи на далечина.

Dogen City вклучува објекти за урбано земјоделство и одгледување на сопствена храна/ Дизајнот има и погни за училишта, за болници, за лаборатории за истражување, за стадиони, за вертикални градини и за паркови. Пловечкиот град е дизајниран да создава сопствена енергија преку комбинација на обновливи извори, вклучувајќи и соларна енергија и турбини на ветар. Има и напредни системи за прочистување и рециклирање на отпадната вода.

Што се однесува на транспортот, Dogen City има мрежа од електрични возила и автономни дронови, со што се минимира гужвата и емисијата на јаглерод диоксид. Градот има енергетские фикасна структура, вклучувајќи и паметни системи за транспорт, паметни мрежи за оптимизација на користењето на ресурсите и поголема конективност.

Целта на концептот е создавање на отпорна и прилагодлива урбана средина, а модуларниот дизајн овозможува проширување и прилагодување на основа на еволуциските потреби и растот на популацијата. Градот е опремен со напредна технологија за превенција и ублажување на катастрофите, со акцент на безбедноста на населението. Станбените објекти се сместени подалеку од надворежните прстени во внатрешниот залив кој е наменет за заштита на населението од цунами.