(Видео) „Дали е вселенски кит?!“: Природен феномен ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи

Снимката од „вселенскиот кит“ е глетка која мора да ја видите, тоа е интересен природен феномен


Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува нешто што изгледа како кит кој плива меѓу ѕвездите.

Всушност, тоа е обичен кит кој плива во море од алги кои светат во мракот, пренесува Дневник.хр.

Сцената која ги маѓепса корисниците на социјалните мрежи ја пренесуваме во продолжение, па задолжително погледнете го ова чудо на природата.