(Видео) Британскиот министер за здравство заразен по две дози вакцина


Британскиот министер за здравство Саид Џавид, денеска рече дека се тестирал и е позитивен на корона виурс, но дека има благи симптоми.

Министерот се заразил со корона вирус иако е вакциниран и тоа со две дози вакцина против Ковид-19.

„Утрово направив брз тест и позитивен е на Ковид“, рече тој и додаде дека чека потврда од ПЦР тестот.

„Чекам резултат од ПЦР тест, но, за среќа, вакциниран сум и имам благи симптоми“, вели Џавид.