(Видео) Алпаките Фелиција и Кенди добија принова: црно-бел убавец во ЗОО Скопје
Пред неколку дена, во скопската зоолошка градина се родила нова алпака и тоа од тие ретките: црно-бели.
„Нашите алпаки Фелиција и Кенди станаа мама и тато на мал црно-бел убавец кој веднаш ни ги украде срцата.
Алпаките (Vicugna pacos) се припитомени животни од Јужна Америка, најмногу распространети во Перу, Боливија, Еквадор и Чиле.
Црнобелите алпаки се вистинска реткост. Иако алпаките можат да имаат различни шари, повеќето се еднобојни или со суптилни нијанси. Црно-бела комбинација, особено со јасно дефинирани контрасти се смета за генетски необична и е многу ретко застапена. Таквите алпаки често предизвикуваат восхит и се сметаат за „ѕвезди“ на ранчевите и фармите, па дури и инспирација за уметници и дизајнери“, соопштија од зоолошката во Скопје.
„Да ни е живо и здраво бебето кое веќе ужива во љубопитните игри заедно со Фелиција и Кенди!“, додаваат од таму.