Вицепремиерот Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе престојува во САД, каде ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот и ќе се обрати и на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.
„Николоски ќе зборува на тема „Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8“, најави Министерството за транспорт.
„Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија“, се вели во соопштението.