Вибер има нова функција која ги идентификува повиците од непознати броеви
Новата функција за идентификација на повикувачи на Вибер ги идентификува повикувачите од непознати броеви и обезбедува откривање спам – давајќи им на корисниците повеќе избори кога размислуваат дали да повикаат непознати броеви
Компанијата Rakuten Viber воведува нова функција – Caller ID („Caller ID“) – која го открива идентитетот на повикувачите од непознати броеви, и ги штити корисниците од спамирање.
Кога последен пат сте игнорирале повик од непознат број? Тоа можеше да биде повик од личност која може да ви биде важна – но вие сепак избравте да го игнорирате, иако тоа можеше да биде вашиот лекар или доставувачот на важен пакет.
Новата функција за ID на повикувачи на Вибер ќе ви помогне никогаш повеќе да не пропуштате важни повици. Корисниците на апликацијата ќе имаат избор да ја активираат оваа функција за да го идентификуваат лицето кое им го упатува повикот – дури и ако повикот не доаѓа од Вибер.
Со функцијата за ID на повикувач, при примање повик, на корисниците ќе им се прикаже предупредување дека повикувачот е од непознато лице, заедно со бројот на повикувачот на екранот. Ова е овозможено со собирање на резултатите од спам повиците и броевите пријавени на Вибер од неговите корисници. По завршувањето на дојдовниот повик, корисникот ќе има достапни дополнителни дејства по повикот, како што се повторно бирање, пријавување на повикот, испраќање порака или внесување на бројот во меморијата на мобилниот уред.
Процесот на активирање можете да го најдете овде.
Постојните корисници (со Viber 19.3.0 или понова верзија) можат да вклучат ID на повикувач преку делот „Повици и пораки“ во менито „Поставки“ на екранот „Повеќе“.
Функцијата моментално е достапна за корисниците на уреди со Android во ограничен број земји – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија – додека повеќе земји ќе бидат додадени на таа листа во текот на следните месеци.