Верижен судир на четири возила кај Железничката станица во Скопје


Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за МИА.

– Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија од МВР за МИА.