Венко Филипче и Максим Димитриевски негативни на корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти вечерва дека неговиот резултат на тестирањето за Ковид-19 е негативен.

„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата“, напиша Филипче на „Фејсбук“, доавајќи дека ова ќе го практикува и во текот на наредната недела.

Тој нагласи дека почитувањето на мерките до сега дава добри резултати и порача дека доколку сите заедно сме доследни на препораките и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.

Дека е негативен, објави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој направил дополнителни тестирања во две приватни лаборатории, во болницата “Жан Митрев” и лабораторијата “Биотек”. Во Центарот за јавно здравје  Куманово пак се  тестирале сите шест члена на неговото потесно семејство и сите добиле негативни резултати.