Венецуелскиот Парламент побара протерување на амбасадорот на ЕУ од земјата

Парламентот на Венецуела побара од Владата да ја прогласи амбасадорката на ЕУ во оваа земја, Изабел Бриланте Педросо за персона нон грата, како одговор на санкциите на Унијата против Каракас.
– Гласам со двете раце амбасадорката на ЕУ да биде прогласена за персона нон грата и да се преразгледаат условите под кои работи мисијата на ЕУ во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез.
Европската унија ги прошири санкциите против државни функционери во Венецуела. На црната листа беа вклучени уште 18 лица, вклучително и претседателот на Венецуелскиот национален изборен совет, Индира Алфонсо, потпретседателот на Изборниот совет, Леонардо Моралес, началникот на командата за стратешки операции на вооружените сили на Венецуела, адмирал Ремиџио Чебалос Ичасо, како и членови на Собранието и судии. На тој начин, вкупно 55 лица се вклучени во списокот на санкции на ЕУ против Венецуела.