Велика Британија ја надмина Италија по бројот на жртви од корона вирус

Повеќе од 32.000 луѓе починаа во Велика Британија од ковид-19, што е најголем број во Европа, покажуваат денешните податоци.
Според наводите на Канцеларијата за национална статистика, 29.648 лица починале од 24 април во Англија и Велс, од ковид-19, пренесе Ројтерс.
Кога на тоа ќе се приклучат податоците за починати во Шкотска и Северна Ирска, бројот на починати изнесува 32.313.
Тоа е повеќе отколку во италија, која претходно беше најтешко погодена земја од корона вирусот во Европа.