Велешанка ги оставила своите пет малолетни деца и заминала во Скопје


Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ вчера во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка.

Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.

Како што вчера информираа од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријавa.