Велес се уште работи за Трамп
Лица од Македонија и натаму менаџираат бројни профили на социјалната мрежа „Х“ во корист на претседателот на САД, Доналд Трамп, околу чија победа пред првиот мандат се крена голема врева бидејќи се покажа дека имал „фабрика“ за лажни вести која го поддржувала од Македонија.
Деновиве „Х“ внесе измена со која секој може да види каде се креирани профилите, а неколку странски експерти за регионот забележаа дека многу што изгледаат дека се американски, всушност се креирани во Македонија, при што еден напиша: „Индивидуи од Македонија се уште креираат и менаџираат лажни про-Трамп профили на Твитер, девет години по скандалот од Велес“.
Како што се гледа од објавата, навидум тоа се профили членови од семејството и преставници од кабинетот на Трамп.
На еден од нив има коментар „Што не се грижите малку за Македонија место за нас?“, а на друг се гледа дека го води Македонец што го креирал тука, а се преселил во Бугарија. На еден од профилите има и забелешка: „Ма немој, ти си од Македонија“, по тврдењето дека е членка на МАГА и сака да му се приклучат. Практично ова стана главна тема за забава во САД и надвор од нив.
Некои исто така забележуваат дека очигледно на вакон начин заработуваат пари, а еден шеговито прашува: „Холари да не си ти ова!“. Некои пак посочуваат на многуте извештаи за мешање на Русија и Србија во Македонија, прашувајќи – а што е ова?
“Тие се вистински про-Трамп профили не лажни. Трамповиот (порано Титов) Велес е интердимензионален портал и од 2016 година е 52-ра држава на САД“, напиша друг корисник на профил.
“Толку од демократијата ако платени реклами од Велес можат да влијаат на изборите“, констатираше друг корисник на „Х“.
Според медиумски известувања, Маск разоткри армија странски пропагандисти на X. Новата функција на X неочекувано ги симна маските од безброј самопрогласени „патриоти“ и „очевидци“ низ целиот свет. Платформата сега ја прикажува земјата од која се управува сметката – и откри цела мрежа странски оператори кои се претставуваат како Американци.Во текот на викендот, корисниците открија дека многу големи MAGA профили воопшто не објавуваат од САД, туку од Источна Европа, Нигерија, Индија или Русија.Сметката MAGANationX, со речиси 400.000 следбеници и непрекинати разговори за „спасување на Америка“, се покажа дека е регистрирана во Источна Европа. Фан-страницата IvankaNews со милион следбеници е водена од Нигерија. Про-Кремљ каналите како Vladimir Putin News потекнуваат од Јужна Азија, додека наводните „очевидци“ од Газа всушност објавуваат од Индонезија, Пакистан, Полска или Саудиска Арабија.