Вечерва цел Ресен без струја, а делови ќе немаат и вода
Градот Ресен вечерва останува без струја, а делови од градот и околните села ќе немаат ни вода, соопштуваат од ЈКП „Прилетер“ – Ресен.
Според соопштението од ЕВН, дека на целата територија на Општина Ресен, во период од 02.11.2024 година, од 23 часот до 03.11.2024 година до 5 часот ќе има прекин со снабдување на електрична енергија, ве известуваме дека во истиот период , ќе нема и вода за пиење на повисоките места од градот и на поголемиот дел од селата , кои се опслужуваат од пумпната станица во Ц.Двор и преку резервар (касарна).