Вчера казни за 865 возачи, 128 за мотоциклисти за неносење заштитен шлем


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

 Во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 865 платни налози.

МВР денеска соопшти дека меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 213, потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената 117, како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 110.

Покрај ова, вчера биле изречени и 128 прекршочни платни налози за мотоциклисти по основ на неносење заштитен шлем, потоа во четири случаи казнети се алкохолизирани возачи, седумина возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле и петмина пешаци.

Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 47 прекршочни казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење  25. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 33 нерегистрирано возило како и 10 технички неисправни возила.