Вашингтон се „утврдува“ за инаугурацијата на Бајден


На 20-ти јануари, демократот Џо Бајден треба свечено да положи заклетва како 46-ти претседател на САД пред Капитолот во Вашингтон. Загриженоста за безбедноста фрла сенка врз подготовките

По насилниот упад во Капитолот од страна на радикалните приврзаници на претседателот на САД во заминување Доналд Трамп во минатата среда, растат стравувањата дека инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден исто така може да биде засенета од безредија и насилство.

Федералното истражно биро (ФБИ) објави предупредување дека постои можност вооружени учесници да одржат протести во Вашингтон во деновите пред инаугурацијата на избраниот претседател Џозеф Бајден на 20 јануари.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука