Вархеи среќен што земјите членки не сакаат раздвојување на Македонија и Албанија


Фото: Б. Грданоски

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, запрашан за реакциите околу неговата најава за раздвојување на Македонија и Албанија во носењето на одлуката за преговори, и дали има две мислења за тоа прашање во Брисел, практично порача дека таа опција веќе не е во игра. 

„Среќен сум што можам да потврдам дека земјите членки на ЕУ се подготвени да имаат прва меѓувладина конференција, т.е. почеток на преговори со двете земји.Тоа е многу добра вест. Засега не е сосема јасно, но тоа е позитивен развој врз основа на кој сме подготвени да работиме ние. Сѐ уште имаме повеќе недели пред нас и јас навистина се надевам дека во јуни ќе можеме да имаме согласност за двете земји, но имајте на ум дека за тоа треба да имаме согласност од сите земји членки. На тоа работиме во моментов, да добиеме согласност од сите членки дотогаш и работиме со двете земји“, порача Вархеи во обраќањето на економскиот форум фо Делфи, нагласувајќи двапати колку е среќен што што земјите членки сметаат дека преговорите треба да почнат и со двете земји и на масата не е раздвојувањето, кое тој го пушти во игра.

Тој натаму тврдеше дека новата методологија не е кочница за прооширувањето туку му дала нов живт, бидејќи претходно било запрено и дека ЕУ, што ја сокри зад „Европа“ ќе ги оствари сите ветувања што ги дала досега кон регионот, социјални, политички и економски и дека со економската помош што ќе ја обезбеди ќе го смени Западниот Балкан за пет години. (Н.В.)