Вархеи: Да се усвојат уставните измени, без нив земјата нема да оди напред

Уставната реформа е главен чекор што ја спречува Македонија да оди напред. Сите мора да работат на тоа, рече еврокомесарот


 

Еврокомесарот Оливер Вархеи на презентацијата на извештаите за земјите кандидати за членство во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги повика сите што се сметаат за фактор во македонскиот парламент да ја отстранат пречката за Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ. 

„Сите мора да работат за уставната реформа. Таа е главен чекор што ја спречува Северна Македонија да оди напред. Сега ни се потребни сите кои се сметаат за одговорни во политичкиот пејсаж на земјата. Земјата треба да може да оди напред, а не може да успее во тоа без парламентот. Затоа сите што се во него треба да одат напред, додавајќи дека спроведувањето на уставните измени е суверена одлука и определба на земјата, која дополнително би ги зајакнала основните права. 

Ние, секако, сме подготвени да го олесниме тоа, секогаш кога ќе се побара тоа сме тука и веќе правиме големи напори“, рече Вархеи.